ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Србиновски е опериран, се чувствува добро

Србиновски е опериран, се чувствува добро

сподели

Според неофицијалните информации до кои што дојде basketball.mk, тренерот на Гостивар успешно ја поминал операцијата по сообраќајната несреќа и се наоѓа во стабилна состојба, со повреди на пршлен на рбетниот столб и неколку ребра.

Нема повредени нерви, што значи дека популарниот Марче многу брзо ќе им се врати на секојдневните активности, со оглед на тоа што неговиот спортски организам би требало да ги надмине овие проблеми.

Србиновски доживеа тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје-Гостивар, неговото возило е уништено од едната страна, десната, додека левиот дел каде што се наоѓа возачот е скоро нечепнат. Тој патувал сам.