ПОЧЕТНА Некатегоризирана Србинот што се одомаќини во Кина, е нов капитен за СП

Србинот што се одомаќини во Кина, е нов капитен за СП

сподели

Селекторот на Србија немаше друг избор, туку да именува ново прво име меѓу еднаквите, за претстојниот мундијал во колевката на Далечниот Исток.

Мирослав Радуљица ја доби честа да ја носи капитенската лента, во ситуација кога и Ѓорѓевиќ и Виртус, тренерот и клубот на Теодосиќ, најавија дека шансите тој да се појави во Кина се скоро нереални.

Радуљица има 31-на година, беше дел од последните три финалиња и сребра за Србија на СП, ЛОИ и ЕП, во Кина игра за тимот на Џиангсу Драгонс што е негов втор ангажман во оваа земја.

Милош Теодосиќ се повреди на подготвителен меч со Литванија, има руптура на лигаментот на долниот дел на стапалото и во моментов е во Болоња, каде спроведува интензивни терапии.