ПОЧЕТНА ЕВРОПА Србин си отиде од Фенербахче, Србин ќе го замени!

Србин си отиде од Фенербахче, Србин ќе го замени!

сподели
фото: Fenerbahce BEKO

Жељко Обрадовиќ по седум години го напушти турскиот кошаркарски гигант, а испразнетата позиција ќе ја пополни негов сонародник.

Станува збор за актуелниот српски селектор Игор Кокошков кого медиумите во Турција веќе го промовираа во нов тренер на Фенербахче. Дури и словенечкиот репрезентативец Горан Драгиќ, кој со Кокошков стана европски шампион во 2017 година, на Твитер му посака многу среќа во работата.

Кокошков во моментов е помошен тренер во Сакраменто Кингс и го очекува финишот од НБА лигата поради што е неизвесно кога и на кој начин ќе го преземе Фенербахче. Во својата кариера тој најчесто бил асистент, а единствената работа како главен тренер, освен на почетокот од кариерата, во ОКК Београд, ја имаше во сезоната 2018/19 во тимот на Феникс Санс. Тоа не го оспорува неговиот квалитет бидејќи веќе 19 години работи во НБА лигата.

Освен титулата европски шампион, има и шампионски трофеј од НБА, како помошен тренер на Лери Браун во Детроит Пистонс во 2004 година.