ПОЧЕТНА Европски првенства Србин муслиман е главна ѕвезда на Израел и на ЕП до 20...

Србин муслиман е главна ѕвезда на Израел и на ЕП до 20 години

сподели
fiba.basketball

Му прогнозираат НБА кариера, ќе оди на драфтот наредната година, потекнува од родители од Приштина и Израел, игра во транс на континенталниот собир до 20 години.

Дени Авдија постигна 26 поени, со 11 скока, со пет украдени топки, со три блокади и индекс 34 во полуфиналето на младинското првенство, за пласман на актуелниот шампион Израел во финалето, по победата против Франција со 81:70.

Израелците, во нивното трето редоследно финале ќе играат против Шпанија, која што славеше против Германија со 80:62. Полуфиналната беше најдобрата партија на 18 годишниот талент, кој што има балкански корени.

Само како споредба, на ова исто континентално првенство за играчи до 20 години, репрезентацијата на нашиот северен сосед Србија ќе игра за пласман на 15-та позиција, против селекцијата на Летонија.

fiba.basketball

Дени Авдија беше најдобар поединец на ЕП У16 – 2017, освои злато и беше во идеалната петорка на ЕП У20 – 2018, во 2017-та потпиша 6-годишен договор со Макаби Тел Авив и стана најмладиот играч што го облекол жолтиот дрес, со 16 години и 320 дена.

Тој е роден во Израел, син на Зуфер Авдија кој што е поранешен играч на Црвена звезда, тие се Горанци кои што имаат српско-муслманско потекло, имаат двојни државјанства, српско и израелско.