ПОЧЕТНА СП 2019 Србија во моментов е рекордер на светските првенства, ги помина и Американците

Србија во моментов е рекордер на светските првенства, ги помина и Американците

сподели
FIBA

Убедливите победи во досегашниот дел од шампионатот во Кина и донесе ново големо достигнување на српската репрезентација.

Со триумфот од 43 разлика, таа сега има просек од 40,7 поени по натпревар. Треба да издржи до крајот на Мундобаскетот бидејќи само така ќе го надмине рекордот на САД од 1994 година кој изнесува 37,7 поени. Во таа репрезентација, позната како Дрим тим 2, играа Шекил О’Нил, Доминик Вилкинс, Алонзо Морнинг, Реџи Милер, Шон Кемп, Џо Думарс итн.

Србија досега ги победи: Ангола со 46 разлика (105:59), Филипини со 59 (126:67), Италија со 15 (92:77) и Порторико со 43 (90:47).

Но, допрва следуваат вистинските тестови за оваа репрезентација. Следен ривал е Шпанија во борбата за првото место во групата, а потоа доаѓаат и евентуалните четвртфинале, полуфинале и финале.