ПОЧЕТНА Некатегоризирана Србија убедливо ја совлада Хрватска

Србија убедливо ја совлада Хрватска

сподели
FIBA

Кошаркарите на нашиот северен сосед славеа над нивните северозападни соседи сo 99:81 (16:23, 26:19, 33:13, 24:26), за седмата позиција на Европското првенство за кошаркари до 16 години, во италијанскиот град Удине.

FIBA

На претходното У16 ЕП во Нови Сад, Хрватска ја совлада Шпанија во финалето, а Србија загуби во 1/4 финалето од Франција и на крајот беше 5-то пласирана. Во Удине, шампион стана Шпанија против Франција (70:61).

FIBA

Македонија ја одбрнаи честа и опстана на континенталниот собир, оваа кадетска селекција е првата наша што успеала да го стори тоа, со освојувањето на 12-та позиција, што значи и следната генерација до 16 години ќе игра А дивизија.