ПОЧЕТНА Некатегоризирана Србија со 12 патници за Кина, без Теодосиќ

Србија со 12 патници за Кина, без Теодосиќ

сподели
mozzartsport.com

Селекцијата на нашиот северен сосед отпатува за земјата домаќин на претстојното светско првенство, без првиот плејмејкер и капитен Милош Теодосиќ, кој во Италија се опоравува од повредата на лигаментот на стапалото.

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ во авионот ќе ги пушти Јовиќ, Мициќ, Богдановиќ, Гудуриќ, Симоновиќ, Бјелица, Бирчевиќ, Јокиќ, Радуљица, Милутинов, Марјановиќ и ровитиот Лучиќ кој паузираше на Акрополис купот поради удар во бутниот мускул.

Орлите ќе одиграат уште три пријателски средби, од планот на подготовките за претстојниот мундијал што ќе се игра од 31-ви август до 15-ти септември. Милош Теодосиќ се уште официјално не е отпишан од составот на Србија.