ПОЧЕТНА Некатегоризирана Србија остана без уште еден играч

Србија остана без уште еден играч

сподели

На две недели пред почетокот на Светското првенство, српската репрезентација доживеа уште една несреќа.

на натпреварот против Турција во рамките на Акрополис турнирот се повреди Драган Милосављевиќ кој отпадна од конкуренција за настап на Мундијалот. Поранешниот играч на Партизан вторпат во кариерата ќе мора на операција на коленото поради скинат преден вркстен лигамент.

„Оваа повреда бара терапија и оперативно лечење и, за жал, Милосављевиќ нема да може да игра на Светското првенство“, изјави докторот на српската репрезентација Драган Радовановиќ.

Освен Милосављевиќ повреден е и Милош Теодосиќ, но докторите уште се борат да го оспособат за настап на Мундијалот.