ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Срам го изеде Торонто…

(ВИДЕО) Срам го изеде Торонто…

сподели
EFE

Голден Стејт намали на 2:3 во финалето од НБА лигата и со тоа барем делумно им се одмазди на навивачите на канадскиот тим за нивното однесување на петтиот натпревар.

Мечот го одбележа повредата на Кевин Дурант кој сигурно нема повеќе да се врати на терените, без разлика дали ќе се играат шест или седум натпревари. Вистинските фанови не слават такви моменти, но очигледно дека оние на Торонто Репторс не се многу искусни и имаат уште многу да учат.

Собрани во Паркот Јура, голем дел од нив уживаа додека Дурант лежеше на теренот и се превиткуваше од болка. Не го ни криеја задоволството, грмеа и славеа во можеби најтешките моменти во кариерата на славниот кошаркар.

Демаркус Казнс не можеше да издржи, па остро ги нападна оние кои ни во болка не знаат да сочувствуваат.

„Ова е ужасно, ние сме идеализирани само како врвни спортисти, не како човечки суштества. Се е во тоа што можеме да направиме на теренот“, рече тој.

Шестиот натпревар од финалната серија се игра во Окленд, евентуален триумф на шампионот ќе значи „мајсторка“ пред истите овие „навивачи“.