ПОЧЕТНА СП 2019 СПОРТС ИЛУСТРЕЈТЕД: Србија игра најубава кошарка на светот, Јокиќ е несопирлив

СПОРТС ИЛУСТРЕЈТЕД: Србија игра најубава кошарка на светот, Јокиќ е несопирлив

сподели
FIBA

Можеби им „перат очи“, можеби навистина тоа го мислат, не знаеме, но знаеме дека Американците јавно признаваат – нашиот северен сосед е репрезентација број 1 на актуелното светско кошаркарско првенство.

Не е новост Србија да игра квалитетно, но на овој турнир игра се подобро, дури и кога најдобрите играчи (Никола Јокиќ) не се преекспонирани. Треба да почекаме, да видиме дали Србите ќе успеат да одржат континуитет, се вели понатаму.

FIBA

Иако загуби од САД со огромна разлика во финалињата на СП (129:92) и ЛОИ (96:66), сепак ова е некоја друга репрезентација со неколку НБА ѕвезди – Богдановиќ, Бјелица, Марјановиќ и Јокиќ, која има во просек преку 100 постигнати поени по натпревар на мундијалот, велат американските колеги.

Србија е клинички ефикасна и без несопирливиот Јокиќ, кој игра на свој специфичен начин, а не само што е закана за американската доминација, туку и вреди да се гледа. Иако САД има најатлетска екипа, сепак, српската репрезентација покажа најмногу досега, вели истиот извор.