ПОЧЕТНА ЕВРОПА СПЛИТ ГО ИЗБРИША МУРАЛОТ: Ми се гадите, неостварени луѓе, во животот ништо...

СПЛИТ ГО ИЗБРИША МУРАЛОТ: Ми се гадите, неостварени луѓе, во животот ништо не сте постигнале!

сподели

Најголемиот успех на далматинскиот град, освојувањето на првата титула во европскиот куп на шампионите, беше одбележан со мурал што стоеше 30 години на еден ѕид во Сплит, но градските власти решиле дека треба да се отстрани.

На тоа, реагира Дино Раѓа. Членот на славната генерација на Југопластика и Поп 84, на својот ФБ профил напиша:

„Најголем успех ви е кревање на партиска книшка. Вие продавате црвена и црна магла, со тоа ги прикривате своите с*ања. Не ви пречи „Домот на младината“ кој 40 години не е завршен, ниту стадионите или базените што се распаѓаат.

Не ви пречи ниту патувањето до центарот од еден час во летниот период, ниту тоа што 20 години не успеавте да ги споите Трогир и Омиш.

Вам ви пречи најголемиот спортски успех во историјата на градот! Не заслужувате никој да ви дојде на прославата. Не би дошол ниту јас, да не доаѓаат моите пријатели. Бљак!“