ПОЧЕТНА ЕВРОПА Спанулис ја мина магичната граница, наскоро ќе го стигне и Наваро

Спанулис ја мина магичната граница, наскоро ќе го стигне и Наваро

сподели
euroleague.net

Грчката кошаркарска легенда постигна девет поени на натпреварот против АСВЕЛ, со што стана само втор играч во историјата на Евролигата кој постигнал 4.000 поени. Единствениот досега беше Хуан Карлос Наваро, поранешниот кошаркар на Барселона кој лани ја заврши кариерата.

Голема е веројатноста, Спанулис сезонава да го помине Наваро и да стане најдобар стрелец во Евролигата. На „Кил Бил“ му требаат 152 поена, а ова беше првото коло од 34 предвидени натпревари само во регуларниот дел од сезоната, што значи му треба просек од 4 поени на сите следни дуели.