ПОЧЕТНА СП 2019 Шпанските „старци“ ги соборија сите рекорди

Шпанските „старци“ ги соборија сите рекорди

сподели
FIBA

Пред почетокот на Светското првенство во Кина никој не ја спомнуваше Шпанија како еден од фаворитите за титулата, па затоа успехот на оваа репрезентација дополнително добива на значење и може да се нарече изненадување иако Скариоло во составот има голем број преискусни кошаркари.

Најдобар доказ за искуството во екипата е тоа што ова е највозрасната репрезентација која некогаш ја освоила титулата на Светско првенство. Просекот изнесуваше 30,3 години, а само браќата Ернангомес, Рики Рубио и Пјер Ориола не се влезени во четвртата деценија од животот. Највозрасен е Марк Гасол со 34 години и седум месеци.

Да биде иронијата поголема, истиве овие кошаркари, можеби засилени со Пау Гасол кој тогаш ќе има 40 години, можат да настапат и на Олимписките игри идното лето. Новиот играч на Портланд не играше во Кина поради повреда.