ПОЧЕТНА СП 2019 Шпанија не игра добро, а остана и без важен кошаркар

Шпанија не игра добро, а остана и без важен кошаркар

сподели
FIBA

Светскиот првак од 2006 година нема шампионски амбиции на овој Мундобаскет, а според игрите во првата фаза, нема ни сила да се вмеша во борбата за врвот.

Едвај го победи аутсајдерот Иран со 73:65, но најверојатно остана без еден од најважните и најискусни играчи во ростерот Руди Фернандес.

Тој го повреди левиот скочен зглоб и во следниот период ќе видиме како се одвива ситуацијата. Кошаркарската федерација на Шпанија се надева дека ќе биде подготвен за мечот против Италија“, стои во соопштението од ФЕБ.

Фернандес нема ни многу време, натпреварот со Италија е на програма на 6-ти септември од 14:30 часот по средноевропско време. Кошаркарот на Реал Мадрид не игра во својата најдобра форма на ова првенство, досега просечно постигнуваше по 7 поени, но неговото искуство секогаш е добредојдено.