ПОЧЕТНА Други репрезентации Шпанците ја потценија Македонија, за малку не им се удри од глава

Шпанците ја потценија Македонија, за малку не им се удри од глава

сподели
FIBA

Малку недостасуваше кадетската репрезентација со сензација да го означи враќањето на Европските првенства.

Против еден од најголемите фаворити за титулата Шпанија загуби со 57:61, а до десетина секунди пред крајот беше во игра за победа или барем продолжение.

FIBA

Фуријата ги контролираше играта и резултатот во текот на сите 40 минути, почна со 3:12, а имаше и +13 (41:54) на пет минути пред крајот на натпреварот. Но, не сметаше на упорноста на нашите кошаркари кои во ниеден момент не се предадоа.

FIBA

Со серија од 15:3 дојдоа на само еден поен негатива (56:57) на 100 секунди пред крајот. Брито промаши две слободни фрлања и не остави во игра, но Величковски од истата позиција беше прецизен само еднаш.

FIBA

За разлика од нив Гарсија на 15 секунди пред крајот погоди два пати и стави точка на мечот.

FIBA

Веројатно никој не очекуваше победа против Шпанија, но ваквиот резултат сигурно ќе ја зголеми самодовербата кај нашите кошаркари. Честитки заслужуваат сите иако најефикасен беше Митревски со 18 поени, а најдобар Симиќ со 11 поени и 9 скока.

Во второто коло играме со Израел, на 10-ти август, исто така од 14:15 часот.