ПОЧЕТНА ЕВРОПА Шок за МЗТ од Словенија: Приморска подготвена да игра во АБА!

Шок за МЗТ од Словенија: Приморска подготвена да игра во АБА!

сподели

Седумкратниот македонски шампион е на стенд бај кога станува збор за учеството во регионалното кошаркарско натпреварување. Уште не се знае дали во новата сезона ќе игра во АБА 1 или АБА 2.

Се зависи од словенечкиот претставник Приморска кој се наоѓа во финансиски проблеми поради што во првиот обид не доби лиценца за настап во домашното првенство. АБА нема механизам да го исфрли клубот од Копер, па затоа се очекува конечната одлука од лигата на Словенија од кој зависи судбината на МЗТ Скопје.

Директорот на Приморска, Горан Јагодник во интервју за телевизијата Спортклуб не испрати позитивни вести за нашиот тим.

„Шпекулациите се едно, а реалноста сосема друго. Ништо значајно не се променило во однос на претходниот пaт кога зборувавме на оваа тема, единствено тоа што сме поблиску до остварувањето на планот кој го имаме, а тоа е затворање на финансискаѕта конструкција, формирање на ростерот за идната сезона и, се разбира, учеството во АБА лигата.

Собранието на АБА е закажано за крајот на месецот, но јас не гледам како би можела Приморска да биде една од темите на разговор. Ние во ниеден момент не сме кажале дека не можеме или не сакаме да бидеме дел од елитната дивизија во која минатата сезона бевме најпријатно изненадување. Верувам дека многу брзо ќе ја соопштиме радосната вест за љубителите на кошарката во Словенија и навивачите на Приморска. Повторувам уште еднаш, сигурен сум дека најдобрите екипи од регионот и идната сезона ќе доаѓаат во Копер“, изјави Јагодник.

Словенечките медиуми тврдат дека долгот на Приморска изнесува околу два милиона евра што не е мала сума за покривање за толку краток период. Ако, сепак, успее во тоа, идната сезона во АБА 2 ќе играат двата најтрофејни македонски клуб – МЗТ Скопје и Работнички.