ПОЧЕТНА Во позадина Сочувство од кошаркарите за починатата ќеркичка на Енрике

Сочувство од кошаркарите за починатата ќеркичка на Енрике

сподели
markingthespot.com

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија преживува семејна трагедија, а кошаркарските репрезентативци се придружија на сочувството за неговата неверојатна и ненадоместлива загуба.

Ќерката на Луис Енрике почина на 9-годишна возраст, ја загуби битката со рак на коските кој бил откриен во доцна фаза и не можело да се спречи. Поради дијагнозата, Енрике се повлече од селекторската позиција, наведувајќи ги личните причини како фактор.

Нема многу зборови што може да се кажат, ова е нешто најлошо што може да ти се случи во животот, сочувствуваме со семејството, се вели во изјавата на селекторот Серџо Скариоло.