ПОЧЕТНА СП 2019 Со сите оружја по Ангола

Со сите оружја по Ангола

сподели
FIBA

Светското првенство почна со 100-тка на еден од најголемите фаворити за титулата на шампионатот.

Србија ја победи Ангола со 59:105 во натпревар кој повеќе личеше на поинтензивен тренинг на селекцијата предводена од Александар Ѓорѓевиќ. Поради огромната разлика во квалитет тој можеше да ги ротиа кошаркарите, не играше Бјелица, а најдолго на теренот остана Никола Јокиќ – 22 минути.

FIBA

Натпреварот почна со голем број тројки на двете страни, но подоцна се покажа дека тоа е само загревање за српската репрезентација. На крајот од првата четвртина беше 20:29, на полувреме 32:50, но својата вистинска сила „орлите“ ја покажаа во вторите 20 минути.

FIBA

Во нив постигнаа 55 поени, примија само 27 за убедлив триумф од 46 разлика против една од двете послаби репрезентации во групата.

FIBA

На крајот најефикасен беше Богдановиќ со 24 поени, а Бобан Марјановиќ го остави првиот дабл-дабл на првенството – 12 поени и 10 скока. Кај Ангола само Мораис и Пауло имаа двоцифрен поентерски ефект. Интересен е соодносот во остварени скокови – 41:19 и вкупен индекс – 142:34 за Србија.