ПОЧЕТНА Женска кошарка Со два поена во четвртина не се победува никого

Со два поена во четвртина не се победува никого

сподели
FIBA

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.

FIBA

Подобра беше Ирска која во второто коло славеше со 60:39 во еден, најблаго речено, бизарен меч за нашата селекција. Македонските кошаркарки добро го почнаа натпреварот, на три минути пред крајот на првото полувреме имаа +10 (17:27) и тука застанаа.

FIBA

Во следните 23 минути постигнаа 12 поени од кои само два во последната четвртина. Во последниот период дадоа кош во 15-тата секунда со кој намалија на 46:39 и потоа до крајот не успеаја да погодат. Второто полувреме и припадна на Ирска со 37:12 и на тој начин дојде до триумфот на овој натпревар.

FIBA

Ако нешто значи, Теона Поп Стојанова беше најефикасна со 10 поени, а оствари и 18 скока. Во третото коло Македонија игра против Грција.