ПОЧЕТНА Други репрезентации Сметката е јасна: Победа над БиХ за избегнување стресови

Сметката е јасна: Победа над БиХ за избегнување стресови

сподели
FIBA

Кадетската репрезентација од 16:30 часот го игра најважниот натпревар на Европското првенство во Удине.

Откако одигра најлошо во најлош момент, против Русија, нашата селекција едноставно мора да ја победи Босна и Херцеговина за да го избегне притисокот и финишот од шампионатот да го дочека во релаксирана атмосфера, притоа да се бори за пласман на позиција со една цифра.

FIBA

И пораз од БиХ нема да значи крај на нашите надежи за опстанок, но така ситуацијата ќе биде значително потешка. Тогаш кадетите нема да имаат друг избор освен победи во последните два натпревара.

FIBA

Ако ја победат БиХ, нашите кадети ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Германија и Словенија, ако загубат – со поразениот од тој натпревар, во првиот меч за пласман од 13-тата до 16-тата позиција. Од А-дивизијата испаѓаат три репрезентации што значи дека во овој случај би морале да бидеме 13-ти.

FIBA

Најдобар совет за избраниците на Денис Дервишевиќ во моментов е да го заборават натпреварот со Русија, а да ја повторат играта од дуелите во групата, против Шпанија, Израел и Летонија.

Аналитичарите се едногласни дека Босна и Херцеговина е најслаба репрезентација на првенството, но никој не смее ни да помисли дека победата сама ќе дојде.