ПОЧЕТНА Други репрезентации Словенија подобра, кадетите ќе се борат за 11-тото место

Словенија подобра, кадетите ќе се борат за 11-тото место

сподели
Резарт Мемед (фото: FIBA)

Македонската репрезентација составена од кошаркари до 16 години го доживеа четвртиот пораз на Европското првенство во Удине.

Во првиот меч од борбата за пласман нашите кадети загубија од Словенија со 80:87 и ќе се борат за 11-тото место. Ако се изземе натпреварот против Израел во кој се играа три продолженија, ова беше дуел во кој примивме најмногу кошеви.

FIBA

Ваквиот исход можеше да се насети по лошиот старт на македонската селекција. Словенија отвори со водство од 0:18, нашите кошаркари првиот кош го постигнаа на истекот од шестата минута иако до крајот на четвртината се доближија на само шест поени негатива (15:21), а во 15-тата минута водевме со 28:25.

FIBA

Сепак, Словенците го диктираа темпото во најголемиот дел од натпреварот, во третиот период повторно направија двоцифрена предност која се покажа доволна за победа.

FIBA

Својот најдобар настап на првенството го забележа Резарт Мемед кој постигна 28 поени и индекс 32. Митревски додаде 20 поени, а Величковски 13.

Во борбата за 11-тото место повторно ќе играме со Израел кој ни беше противник и во групата и од кој по 55 минути игра загубивме со 99:90.