ПОЧЕТНА Други репрезентации Словаците по втор пат ни „очитаа буквица“ на ЕП до 20 години

Словаците по втор пат ни „очитаа буквица“ на ЕП до 20 години

сподели
fiba.basketball

Со новиот катастрофален пораз на првенството за младинци во Матозињош, Португалија, нашата репрезентација го освои 16-то место со само една победа во седум одиграни натпревари.

Во вториот пораз од истиот противник, со 87:52. најдобри поединци во нашите редови беа Павле Михајлоски со 20 поени (8 скока) и Марко Анастасов со 19 поени (6 скока), а од другите четворица стрелци кај нас никој не постигна повеќе од 5 поени.

fiba.basketball

Во конечниот поредок, од 21-на репрезентација, се пласиравме пред селекциите на Косово, Романија, Луксембург, Ирска и Ерменија. Во А дивизијата одат финалистите Португалија и Чешка, заедно Белгија која што ја совлада Русија (88:80) за третото место.

Ако ни е за утеха, следната кампања ќе ја играме против соодветната селекција на Србија, којашто испадна во Б дивизијата по освоеното 15-то место во елитната дивизија.