ПОЧЕТНА СВЕТ Слободните фрлања се клучен елемент во кошарката!

Слободните фрлања се клучен елемент во кошарката!

сподели
Suns

Девин Букер постигна 27 поени, Ајтон имаше 24 поени со 12 скока во триумфот на Феникс Санс против Вашингтон Визардс со 112:125, во првиот натпревар на двете екипи по рестартот на НБА лигата.

Иако се далеку од позиција за доигрувањето, сепак Санс покажаа дека 30 погодени од 32 изведени слободни фрлања, може да бидат пресвртница на еден меч. Букер ги погоди сите 9 удари од линијата за еден поен.

Дарио Шариќ додаде 16 поени за Феникс, екипа која имаше 52% тимска реализација на ударите од поле. Хачимура постигна 21 поен, а Џером Робинсон 20 пони во поразот на Визардс, на 55-тиот роденден на тренерот Скот Брукс.