ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шкупи подготвен да игра во БИБЛ лигата

Шкупи подготвен да игра во БИБЛ лигата

сподели

Иако уште не му е дефиниран статусот во македонското првенство, чаирскиот клуб сериозно е заинтересиран во новата сезона да учествува во регионалното натпреварување.

Судбината ќе се знае во текот на утрешниот ден. Од 10 часот претставници на Шкупи се на состанок со челниците на КФСМ, а од 13:30 часот и со раководството на БИБЛ лигата. Од 12 часот на состанок се КФСМ и БИБЛ.

Од исходот на преговорите зависат многу нешта. Шкупи има договорено потенцијален спонзор, компанијата Бибај груп која има свои претставништва во земјите од регионот.

Од клубот уверуваат дека е договорен нов тренер, познато име во македонската кошарка со големо интернационално искуство, треба да дојдат четворица македонски кошаркари, поранешни и сегашни репрезентативци и уште четворица странци.

Шкупи беше заинтересиран за влез во БИБЛ лигата и минатото лето кога беше во слична ситуација за на крајот да го откаже својот план.

Од регионалното натпреварување објавија дека постои интерес од клубови од пет држави за учество во новата сезона: Албанија, Казахстан, Косово, Црна Гора и Македонија, но првпат по формирањето на оваа лига нема да има бугарски претставници.