ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шкупи најавува тужба против КФСМ

Шкупи најавува тужба против КФСМ

сподели
Енвер Мифтари

Незадоволно од развојот на настаните пред стартот на сезоната, раководството на чаирскиот клуб најави дека на суд ќе ги бара своите права.

Причина за тоа е претходниот Систем за натпреварување во кој пишува дека за сезоната 2019/20 е планирано во Првата лига да учествуваат 11 екипи. Според новата одлука на КФСМ, сепак, во елитата ќе има само 10.

Причината поради која Шкупи сака да тужи

„Систем на натпреварување не може да се менува на кого како ќе му текне и пред почеток на сезона. Се знае како оди тоа, најмалку една година однапред. КФСМ прво сама, без наше барање, ни испрати покана за настап во Првата лига.

Ние веќе сме во консултација со адвокати и наскоро ќе поднесеме тужба“, изјави за basketball.mk првиот човек на Шкупи, Енвер Мифтари.

Чаирчани минатата сезона го освоија последното место во Првата лига, но неколку пати изразија подготвеност повторно да играат во неа. Меѓу другото и поради најавениот спонзор со кој Шкупи се надева и на настап во БИБЛ.