ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СКРОМНИОТ МЕКИЌ: Важни се победите на тимот, не мојот трипл-дабл

СКРОМНИОТ МЕКИЌ: Важни се победите на тимот, не мојот трипл-дабл

сподели

Репрезентативецот на Македонија, од сезонава член на Пелистер го скрши мразот и стана прв играч оваа сезона кој остварил трипл-дабл во домашното првенство.

Тоа му успеа во дуелот со вториот тим на неговиот поранешен клуб МЗТ Скопје, на кој не беше ни во стартната петорка. Достигнување за гордост на секој играч, но Адем Мекиќ не го става својот ефект во прв план.

„Мило ми е што направив нешто што не успеале многумина во македонската кошарка. Но, најважна е победата на тимот, ни беше потребна за да фатиме чекор со ривалите и да се вратиме во игра за позициите кои водат во Суперлигата“, изјави Мекиќ за basketball.mk.

Оваа сезона уште неколку кошаркари во македонското првенство беа блиску до трипл-дабл, но не успеаја да го остварат. Мекиќ е седмиот наш играч со таков ефект во кариерата.