ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Скопје ќе биде домаќин на Европско првенство А-дивизија!

Скопје ќе биде домаќин на Европско првенство А-дивизија!

сподели
Теодор Симиќ треба да биде лидер на новата генерација во кадетската репрезентација (FIBA)

Единствената македонска младинска селекција која настапува во континенталната елита на домашен терен ќе се бори да остане во истата конкуренција или да се вмеша во борбата за врвот.

КФСМ ја доби организацијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое ќе се одржи во Скопје од 14 до 22 август 2020 година. Тоа е генерацијата која, предводена од Александар Јованчев, лани обезбеди пласман во А-дивизијата со третото место на шампионатот во Сараево, а годинава опстана под водство на Денис Дервишевиќ на првенството во Удине.

Лидер на оваа репрезентација треба да биде Теодор Симиќ, кошаркарот на Барселона кој веќе играше на ЕП ова лето, но тимот уште нема селектор. Неофицијално, најсериозен кандидат за функцијата е Андреј Лечиќ.

Одредени се и домаќините за другите првенства што ќе се одржат летото 2020 година, а на кои ќе учествуваат македонските селекции. Јуниорите повторно ќе играат во Орадеа каде во август за малку им избега промоцијата во А-дивизијата, а младинците во Тбилиси.