ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Скопјанец во битолскиот прволигаш

Скопјанец во битолскиот прволигаш

сподели
фото: КК Пелистер

По една полусезона во Вардар, поранешниот младински репрезентативец и екс-играч на МЗТ Скопје, Работнички, Кожув и Блокотехна одлучи да ја смени средината.

Андреј Цветковски го засили тимот на Пелистер кој, како и неколку други екипи во домашниот шампионат, со повисоки амбиции ја очекува новата сезона. Битолскиот клуб беше познат по тоа што акцент става на играчи од градот и околината, но одлучи да ја смени концепцијата што му одговараше на Цветковски.

„Ја прифатив понудата од Пелистер бидејќи планот на клубот за претстојната сезона, но и следните неколку години е многу интересен, има светла иднина и дава простор за напредок за мене како играч, а со тоа и за развој на клубот на средни патеки.

Цветковски во дресот на МЗТ Скопје на почетокот од својата кариера

Се договоривме за една сезона со можност за соработка за уште една. Пелистер беше најупорен во периодот за преговори и затоа се одлучив за него. Меѓу другото, со тоа ми покажаа на кој начин гледаат на мене како играч“, изјави Цветковски за basketball.mk.

На почетокот од овој месец Пелистер бил во преговори и со еден македонски репрезентативец, но тој ја одбил понудата за да влезе во друг амбициозен проект во домашната кошарка.