ПОЧЕТНА СП 2019 Школски пример за атомска кошарка

Школски пример за атомска кошарка

сподели
FIBA

Еден од двата најголеми фаворита за златото, продолжува во висок стил на светското првенство во Кина. Србија ги потопи Филипини со 126:67. Никој досега не постигна преку 120 поени на овој светски самит, а избраниците на Александар Ѓорѓевиќ тоа го направија со леснотија каква ретко се гледа. Не е битно кој е противникот, вака играат само големите мајстори на кошаркарската игра.

FIBA

Србите веќе имаат две стотки во два натпревара и се најефикасната репрезентација на мундијалот, со 115.5 поени по натпревар, со 70.6% успешни удари од поле, со скоро 60% удар за три поени и со преку 80% успешност од линијата за слободни фрлања.

FIBA

Сите играчи на Сале Национале се запишаа во листата на стрелците, најмногу поени имаше Немања Бјелица (20) кој шутираше 3/3 за три поени во својот прв настап на мундијалот, а неговата селекција имаше 12/22 во ударите од далечина. Во следниот меч, Србија ќе го има првиот вистински тест, против Италија, на 4-ти септември.