ПОЧЕТНА ЕВРОПА Скола официјално е манекен!

Скола официјално е манекен!

сподели
фото: CABB

Аргентинскиот ас се врати на Стариот континент по одличното светско првенство што го имаше, на кое покажа дека годините за него се само бројка.

Поминаа 12 години од неговите настапи во Тау Керамика, сегашна Киролбет Басконија, период во кој Луис Скола (40) настапуваше во НБА лигата.

Неговиот нов дом ќе биде Милано, тој потпиша за тимот на Армани Олимпија, ќе настапува во италијанската лига и во елитната УЛЕБ Евролига.