ПОЧЕТНА Репрезентации Скола дели часови, Аргентина по 17 години пак во финале

Скола дели часови, Аргентина по 17 години пак во финале

сподели
FIBA

Првиот светски шампион во историјата на 15-ти септември ќе се бори за својата втора титула во историјата, прва по пауза од 69 години.

Во полуфиналниот дуел најде начин како да го собори џелатот на Американците, победи со 80:66, продолжувајќи ја со тоа својата победничка серија на Мундобаскетот во Кина.

Можеби ќе звучи неверојатно дека убедливо најдобар играч на полуфиналниот натпревар беше 39-годишниот ветеран Луис Скола кој го заврши мечот со 28 поени, 13 скока и 2 асистенции за нешто повеќе од 34 минути на теренот. Аргентинскиот ас е најсериозен кандидат за МВП признанието иако конкуренти му се Рики Рубио и можеби Марк Гасол.

Причините за својот пораз Французите треба да ги бараат во многу послабата игра на Нандо де Коло, како и Руди Гобер во однос на четвртфиналниот меч против Србија. Фурние постигна 16 поени (најефикасен заедно со Тиликина), но со шут од поле 6/17 и 1/6 за тројка.

Финалниот меч меѓу Аргентина и Шпанија се игра на 15-ти септември од 13 часот, четири часа порано Франција и Австралија ќе се борат за бронзениот медал.