ПОЧЕТНА ЕВРОПА Скокот го доби натпреварот со Борац

Скокот го доби натпреварот со Борац

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Исклучителна доминација на МЗТ Скопје под двата коша, каква што одамна не е видена од нашиот шампион во регионалното натпреварување.

Кошаркарите на Ѓорѓи Кочов имаа речиси двојно повеќе скокови од својот ривал (42-25) со што беа анулирани загубените топки кои македонскиот претставник во АБА 2 ги имаше дури 21, наспроти само седумте на ривалот.

Доминираше Бојан Крстевски со 12 скока, Омот додаде осум, а Стојановски и Маслинко по седум.