ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Скариоло скина две глави, останаа уште две

Скариоло скина две глави, останаа уште две

сподели
FIBA

Шпанскиот селектор реши да ги отпише Састре и Агилар од списокот на кој што на крајот на подготвителниот период, треба да се најдат 12 имиња што ќе патуваат за Кина.

Шпанија ќе има високи амбиции на претстојниот мундијал, затоа што ќе настапува во релативно силен состав предводен од италијанскиот стратег Серџо Скариоло.

Беиран, Клавер, Колом, Диоп, Фернандез, Хаиме Фернандез, Марк Гасол, Вили и Хуанчо Ернангомез, Љуљ, Рабаседа, Орилоа, Рибас и Рубио се конкуренти за мисијата на Далечниот Исток.