Натурализираниот чешки репрезентативец, член на Шалон, а поранешен играч на Црвена Звезда, потсети на некои прогнози од пред почетокот на Светското првенство.
Во една анкета од пред крајот на август, љубителите на кошарката им дадоа само 2% шанси на Чесите да ја поминат групата. Интересно е тоа што покрај САД, втор фаворит беше Јапонија која нема победа во дуелите со Турција и Чешка, а во последното коло игра со Американците.
2%😂 @FIBAWC #CzechRepublicGotGame pic.twitter.com/ESbzIwCHqM
— isaac Schilb (@BlakeISchilb) September 5, 2019
Турците се најголемите губитници не само во групата, туку веројатно и на Мундобаскетот бидејќи некои ги гледаа дури и како фаворити за еден од медалите.