ПОЧЕТНА СВЕТ Сиромашното дете што стана НБА атракција

Сиромашното дете што стана НБА атракција

сподели
nba.com

Тренинзите му почнувале во 6:00, траеле до 8:30. Татко му го будел во 5:20 кога одел на работа да го однесе до салата во средно училиште, која ја добивал бесплатно од директорката, затоа што немал пари да му плати место за тренирање.

„Тренерот потоа го возеше до училиште за да не задоцни, дома доаѓаше околу 14:00 часот. Од 15:00 имаше уште еден тренинг, одмораше од 17:00 до 19:30, за да го одработи последниот тренинг во денот. Си легнуваше пред полноќ, јадеше 8 пати на ден. И така секој ден.“ – се зборовите на таткото Рустем.

Неговата мајка била против кошарката.

„Сакав да учи повеќе, да се школува, да биде образован. Го следевме секој негов натпревар, ништо не оставивме на случајноста.“ – се зборовите на неговата мајка, Нермина.

Ален Смаилагиќ има 19 години, роден е во Белград, српски репрезентативец, сега член на Голден Стејт Вориорс. За само 2 години, од 2017-та кога се појави во дресот на белградскиот клуб Беко, стигна до најквалитетната лига.

Сите останаа вџашени, кога веќе следната сезона беше побаран во развојната екипа на шампионот, а потоа потпиша договор за 900.000 долари за првата година. Само небото е граница, за ова момче со карактер на шампион.