ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сиот гнев на Работнички истурен врз недолжниот Вардар

Сиот гнев на Работнички истурен врз недолжниот Вардар

сподели

Најтрофејниот тим во Македонија ја прекина серијата од три порази и петтата победа во сезоната ја оствари во голем стил – со 100-тка. Да не се работеше за вториот најслаб состав во лигата, можеби тоа ќе имаше некакво значење, вака, може да биде само загревање за дуелот со Кожув на домашен терен идниот викенд.

До победата од 55:103, Работнички дојде благодарение на серијата од 26:0 пред крајот на втората и првите шест минути од третата четвртина. Својот прв кош во второто полувреме Вардар го постигна во 27-мата минута, а тогаш гостите веќе имаа предност од 34 разлика.

Двејн Бенџамин со 20 поени, 11 скока и 4 асистенции беше најдобар играч на натпревар иако епитетот најефикасен отиде кај Хејден Лесколт кој постигна 22 поени и 8 асистенции. Кај Вардар, Робев беше далеку пред сите со 21 поен, 5 скока и 4 асистенции, но и со 22 шута од игра.