ПОЧЕТНА Други репрезентации Симке, не е важно што ќе биде, ти веќе го обели овој...

Симке, не е важно што ќе биде, ти веќе го обели овој наш поцрнет образ!

сподели
КФСМ

Она што минатата година го направија кадетите, сега можат да го повторат јуниорите од кои има и такви што играат и на ланското Европско Б-првенство.

М18 селекцијата, предводена од Тони Симиќ игра полуфинале, досега победи на сите шест натпревари и евентуален триумф против Израел ги носи во мечот за титулата, во исто време и во А-дивизијата.

Поддршка за репрезентацијата стигнува од сите страни, а најважно е тоа што доаѓа од „фелата“. Поранешниот соиграч на Тони Симиќ во Работнички, сега колега тренер од Партизан Водно Санс, Борис Нешовиќ на емотивен начин им се обрати на сите кои се во Романија, а особено на предводникот.

Ние се приклучуваме на поддршката, само мирни раце и мирен ум, се ќе биде во ред.