ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СИМИЌ: Оваа селекција има голем потенцијал

СИМИЌ: Оваа селекција има голем потенцијал

сподели
КФСМ

Македонската јуниорска репрезентација почна со подготвителни натпревари во пресрет на Европското првенство Б-дивизија што ќе се игра во периодот од 26-ти јули до 4-ти август во Романија.

Прв противник беше Полска против која нашите кошаркари остварија по една победа и пораз.

КФСМ

Селекторот Тони Симиќ делумно е задоволен од прикажаното иако е свесен и потенцира дека има голем простор за напредок.

„По 17-дневни базични подготовки, ги одигравме првите контролни натпревари против Полска. Двата меча, одиграни во два дена, беа различни: на првиот, пристапот кон играта и желбата за победа беа на завидно ниво, додека на вториот, можеби улога имаше заморот, како и повредите на неколку кошаркари доживеани на првиот дуел.

Резултатот на вакви натпревари не е важен, потребно ни е да видиме до каде сме со подготовките. Имаме време за корекции во одбраната, каде во недостаток на висина, мораме да бидеме поагресивни на топка и заградување. На овие два меча очигледен беше проблемот во тој сегмент од играта.

Секогаш сум оптимист и сега ќе бидам. Оваа селекција има многу поголем квалитет и потенцијал од тоа што го покажа, особено на вториот натпревар. Сепак, ова се први контролни дуели, ќе тренираме напорно како и досега и ќе ги елиминираме грешките, како во одбрана така и во нападот.

Бараме поголема поддршка од медиумите, не само за М18 селекцијата, туку и за сите репрезентации кои се во фаза на подготовки за настап на европски првенства“, изјави Симиќ за basketball.mk.

По дуелите со Полска, нашата репрезентација ја очекуваат уште неколку контролни натпревари, против Црна Гора и Бугарија, како и настапи на пријателски турнири.