ПОЧЕТНА Други репрезентации Симиќ е рекордер и најдобар скокач на Европското првенство

Симиќ е рекордер и најдобар скокач на Европското првенство

сподели
FIBA

Кадетската репрезентација на Македонија доживеа два несреќни пораза на континенталниот шампионат во Удине иако досега можеше да биде прва во групата со максимални четири бода.

Но, дека оваа селекција има одлични индивидуалци потврда е ефектот на Теодор Симиќ кој е една година помлад од своите колеги и најголем дел од противничките кошаркари. Тој е роден 2004 година, другите се 2003, но тоа не му пречи да доминира под кошевите.

FIBA

Играчот на Барселона е најдобар скокач по првите две кола со вкупно 27 скока или просек од 13,5 по натпревар. Освен тоа е и рекордер по број на прифатени топки на еден меч, оние 18 од дуелот со Израел во кој Македонија играше три продолженија.

FIBA

Во топ-10 во истата статистичка категорија е и Горазд Величковски кој е на делба на деветтото место со 17 скока по првите два натпревара.