ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СИМИЌ: Деца мои, вие сте за мене победници!

СИМИЌ: Деца мои, вие сте за мене победници!

сподели
FIBA

Селекторот на јуниорската репрезентација на Македонија им изрази честитки и благодарност на своите кошаркари со кои претходните десетина дена настапи на Б-Европското првенство во Орадеа, а претходно помина повеќе од еден месец на подготовки.

Нашата селекција не успеа да избори пласман во А-дивизијата откако во борбата за третото место загуби од Чешка.

„Јас, Тони Симиќ, како селектор на М18 заедно со стручниот штаб, сакам да изразам едно големо благодарам до моите избраници.

Деца мои, вие сте за мене победници!!! Вие го оставивте срцето на терен, ме направивте горд и мене и вашите родители, ја направивте горда Македонија.

FIBA

А, секогаш ќе има некој на кого овој резултат и пласман нема да им се допадне. Нека им служи на чест. Уште еднаш, вие за мене ја напишавте историјата во кошарката.

Не е малку 6/6 добиени натпревари и пласман во полуфинале. Со дигнати глави да си одиме дома, со дигнати глави утре да прошетаме низ Скопје и низ Македонија зашто ние сме едни и единствени…“, напиша Симиќ.