ПОЧЕТНА Некатегоризирана Си се испофалија дека се најдобри, уште да дадат резултат

Си се испофалија дека се најдобри, уште да дадат резултат

сподели
фото: LA Lakers

Генералниот менаџер на втората најуспешна НБА франшиза, го нарече новиот кошаркар што го купи – најдоминантниот млад играч на светот, за време на неговото претставување на официјалната прес конференција.

Непосредно по овие зборови на Роб Пелинка, Ентони Дејвис изјави дека би го соочил новиот тим на Лејкерс против секого и очекува неговата екипа да победи.

ЛА Лејкерс се надеваат дека конечно, по доаѓањето на Ентони Дејвис и ДеМаркус Казинс како потпора за Леброн Џејмс кој што слета во Градот на ангелите минатата сезона, ќе се вратат славните денови за оваа организација.

Последната титула ја освоија 2010-та година против Бостон, кога ја одбранија од претходната против Орландо, со што се „залечија“ по поразот 2008-та од Селтикс. Но, оттогаш, Лејкерс се „второкласна“ екипа…