ПОЧЕТНА Евролига Си ја заслужи наградата, ќе остане уште една година

Си ја заслужи наградата, ќе остане уште една година

сподели
twitter

Плејмејкерот на Црвена звезда го продолжи договорот со белградскиот клуб на уште една сезона, затоа што на црвено-белите ќе им биде потребен силен ростер за следната евролигашка авантура.

Со оглед на неговиот квалитет и статус во екипата на актуелниот српски шампион, кој што петта сезона по ред триумфира во српското првенство, јасно е дека Американецот ќе биде еден од лидерите и во новата натпреварувачка кампања.

Били Берон (28) ги постигна последните поени во финалето против Партизан, со сомнителна акција, од чекори, што подоцна беше потврдено од комисијата за жалби, но конечниот резултат останува. Берон беше избран за МВП на финалето.