ПОЧЕТНА СП 2019 Сепак, Тејтум ќе паузира и ќе пропушти барем едно дерби

Сепак, Тејтум ќе паузира и ќе пропушти барем едно дерби

сподели

Оптимистичките најави неколку часа по натпреварот против Турција се покажаа неосновани и Грег Попович ќе биде во дополнителни проблеми во втората фаза од Светското првенство.

Прегледите на повреденото место на стапалото на Џејсон Тејтум покажаа дека кошаркарот на Бостон Селтикс, сепак, доживеал посериозна повреда и потребна е пауза од најмалку 4-5 дена.

Тоа значи дека ќе го пропушти безначајниот натпревар од последното коло на првата групна фаза против Јапонија, но и оној од првото коло од вториот круг, против Нов Зеланд или Грција.

Тејтум беше еден од најдобрите играчи во американската репрезентација во првите два натпревара. Просечно постигнуваше по 10,5 поени, 7,5 скока и 2,5 асистенции.