ПОЧЕТНА ЕВРОПА СЕПАК, НЕ ИЗДРЖА: Томиќ си замина од Звезда

СЕПАК, НЕ ИЗДРЖА: Томиќ си замина од Звезда

сподели
фото: aba-liga.com, Cibona, Zeljko Baksaj

Трите порази во низа на српскиот и регионален шампион не можеа да поминат без последици.

Иако 24 часа претходно прифати да ја повлече поднесената оставка, тренерот Милан Томиќ, сепак, одлучи да го напушти тимот со кого минатата сезона ја освои титулата во домашното првенство и во АБА лигата. Во последните десетина дена Црвена Звезда загуби прво од Будуќност, потоа од Макаби и на крајот од Крка. Не треба да се заборави ни дебаклот од Приморска во АБА купот со кој почна, засега оачјната, сезона.

Сето тоа го засени триумфот над Фенербахче во второто коло од Евролигата кој останува најголем успех на белградскиот клуб.

Неофицијално, во следниот период Звезда ќе ја предводи досегашниот помошник на Томиќ, Андрија Гавриловиќ. Сето тоа треба на прес-конференција од 14 часот да го потврди претседателот на клубот Небојша Човиќ.