ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СЕНЗАЦИЈА НА СЕЗОНАТА: ФМП го победи Работнички!!!

СЕНЗАЦИЈА НА СЕЗОНАТА: ФМП го победи Работнички!!!

сподели

Деветтиот ден од ноември 2019 година ќе остане со златни букви запишан во историјата на дебитантот во Првата македонска кошаркарска лига. ФМП Академија ја оствари првата победа во елитата и тоа не против кого било, туку против најтрофејниот тим во нашата кошарка.

Академија ФМП го совлада Работнички со 87:83 и овој резултат сигурно ќе ја одбележи сезонава во Првата лига. Вицешампионот водеше и со 13 разлика, на полувреме имаше +9, но сето тоа го загуби во драматичниот финиш и го претрпе првиот пораз во првенството.