ПОЧЕТНА Други репрезентации Сениорките повторно против коцкестите дами и уште два силни противника, за пласман...

Сениорките повторно против коцкестите дами и уште два силни противника, за пласман на ЕП

сподели
kfsm.mk

Нашата репрезентација во женска конкуренција ќе се надигрува со репрезентациите на Летонија, Хрватска и Германија во рамките на квалификациите за Европското првенство закажано за 2021-та година, откако на ждрепката во Минхен беа извлечени групите.

Првиот прозорец е предвиден за ноември, вториот ќе се одигра идниот ноември, а последниот ќе се одигра на почетокот на февруари 2021 година.

Репрезентациите се поделени во девет групи од кои шест составени од четири репрезентации, а три групи се составени од три репрезентации. Секоја репрезентација ќе одигра по два натпревара против останатите во групата, на домашен и на гостински терен.

Првопласираните репрезентации од секоја група како и петте најдобри второпласирани репрезентации, ќе се квалификуваат на Европското првенство.

Распоред на натпревари

14.11.2019
Германија – Македонија

17.11.2019
Македонија – Летонија

12.11.2020
Хрватска – Македонија

15.11.2020
Македонија – Германија

4.02.2021
Летонија – Македонија

7.02.2021
Македонија – Хрватска

преземено од kfsm.mk