ПОЧЕТНА Некатегоризирана Семејството Јокиќ прави проблеми во Денвер!

Семејството Јокиќ прави проблеми во Денвер!

сподели

Братот на српскиот репрезентативец бил уапсен поради сомнение дека нападнал, турнал и давел жена во главниот град на Колорадо.

Според информациите на Денвер пост, Страхиња Јокиќ минатиот четврток бил во својот стан во женско дружтво. Жената сакала да си замине, но Страхиња грубо ја задржал и ја спречил во тоа.

Кога таа се обидела да излезе на балконот и да повика помош, постариот Јокиќ ја зграбил и почнал да ја дави, зборувајќи и притоа дека „ќе ја гуши додека не заспие“. Потоа и го одзел телефонот кога сакала да пријави на полиција за на крајот да се спаси со тоа што преку компјутер испратила порака на еден свој пријател кој потоа повикал полиција.

Страхиња и Немања, постарите браќа на Никола Јокиќ, познати се во САД бидејќи ќесто присуствуваат на натпреварите на Денвер Нагетс. Страхиња веќе имаше еден инцидент на меч на оваа екипа кога ги загуби нервите и почна да вика на судиите по што мораше да интервенира обезбедувањето.