ПОЧЕТНА СВЕТ Селтикс не се даваат лесно

Селтикс не се даваат лесно

сподели
фото: Celtics

Најтрофејната франшиза во НБА лигата намали на 1:2 во источното финале против Мајами, со победата 106:117. Браун имаше 26 поени, Тејтум 25 поени со 14 скока и 8 асистенции, Вокер додаде 21, Смарт постигна 20 поени.

Селтикс ги надиграа Хит 60:36, во поени во рекетот. Кај поразената екипа, 27 поени со 16 скока имаше Бам Адебајо, Тајлер Хиро регистрира 22 поена, Батлер 17, Робинсон 13, за тимот што загуби само вторпат во 12 натпревари.