ПОЧЕТНА Други репрезентации Селекцијата што треба да ни го обели образот на ЕП У16

Селекцијата што треба да ни го обели образот на ЕП У16

сподели

Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ тренираат напорно во салата Градски парк, имаат на располагање бескрајни термини во кои што може да ја темпираат формата за претстојниот предизвик, а тоа е настапот на континенталниот собир во А дивизијата.

Посетивме еден од нивните тренинзи, на кои што се работи до последната капка пот. Играчите се залагаат маскимално, тренерите се фокусирани на задачата, што е единствениот начин да се дојде до посакуваниот резултат – одлична подготвеност за силната конкуренција во елитната дизивија.

Прелиминарната фаза на континенталниот собир ја почнуваме во групата Б, со Летонија, Израел и Шпанија. Шампионатот се игра во италијанскиот град Удине, а европското првенство го отвораме ние, против Шпанците, на 9-ти август.