ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Секоја нова сезона во Шпанија, напредувам се повеќе

Секоја нова сезона во Шпанија, напредувам се повеќе

сподели

Една од нашите репрезентативки која останува во странство, која доби понуда и шанса и понатаму да го развива својот потенцијал и талент, вели дека секоја следна година помината во оваа кошаркарска земја, значи многу за играч на нејзина возраст.

„Шпанците имаат уникатно сфаќање за кошарката, најверојатно и за спортот воопшто, поради што се во врвот на сите светски популарни спортови. Јас сум тука трета година по ред и секој ден се повеќе ги чувствувам благодетите од професионалниот пристап на сите инволвирани во развојот на мојата кариера.

Во подготвителната фаза загубивме еден натпревар, од екипата на Кларет со 61:71, тоа е една од најдобрите екипи во Валенсија. На првиот меч славевме убедливо против Патерна. Но, овие мечеви немаат резултатско, туку едукативно значење за сите нас, помладите играчи во шпанската кошарка.“

Ана Цветковска има 17 години, таа е наша репрезентативка и според прогнозите, еден од идните носители на играта на женската сениорска селекција. Патот до височините е тежок и напорен, а таа тоа одлично го знае, учејќи ги тајните на кошарката далеку од дома, од најмали нозе.